Најмалку пет лица загинаа во пад на туристички авион на југоистокот од Франција, јавуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила на француските Апли.
Авионот, кој е во сопственост на локален аероклуб, бил на прв лет и полетал од аеродромот Верси.
Пронајдени се пет целосно јагленисани тела, а засега не се потврдени сомнежите дека меѓу жртвите има едно дете.
Локалните медиуми тврдат меѓу четворица од настраданите се членови на едно семејство.