четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Австралија дозволи влез на патниците од Нов Зеланд без карантин

Австралија дозволи влез на патниците од Нов Зеланд без карантин

Австралија дозволи влез на патниците од Нов Зеланд по извештаите дека таму не е откриен ниту еден нов локален случај на Ковид-19.

Со оваа одлука, патниците од Нов Зеланд се единствените странци за кои не е потребен карантин од 14 дена по пристигнувањето во Австралија.

Австралиските власти соопштија дека пристигнувањата од Нов Зеланд се сметаат за доволно нискоризични, бидејќи властите во таа земја презедоа силни мерки за сузбивање на епидемијата. (МИА)