вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бабата на монструмот од Нов Зеланд раскажува какво момче бил тој пред масакрот

Бабата  на монструмот од Нов Зеланд раскажува какво момче бил тој пред масакрот

Бабата на масовниот убиец од нов Зеланд во не може да поверува на тоа што го слушнала за „доброто момче“ кое што последен пат го видела за Божиќ убил 49 лица.

Џојс Тарант  рекла дека ладнокрвниот убиец кој се снимал мирно додека стрела во муслимани за време на молитвата не е внукот кој што го познава.

Добриот внук, денеска призна дека е терорист, изведен е пред суд за убиство на 49 лица и 11 кои што се борат за живот.

-Тоа е многу вознемирувачко, особено затоа што Брентон беше добро момче, ракла таа за австралискиот Дали мејл, додавајќи дека тој семејството го посетувал два пати годишно, а последен пат за Божиќ.

Целото семејство тешко ги поднесува вестите.

-Правиме најдобро што знаеме. Не покажуваше знаци кон екстремистичка идеологија кога последен пат зборував со него, рекла неговата баба.

Вестите како вистински шок пристигнаа во семејството, особено за неговата мајка Шерон, која што за време на масакрот била во училница, каде што предавала англиски јазик.

Се верува дека неговата сестра Лорен и нејзината мајка после испрашувањето од полицијата се кријат заедно.

Инаку семејството на напаѓачот веднаш се јавило во полиција откако го препознале неговиот лик на телевизија, рекле од полицијата. Неговото семејство е доста почитувано во градот.

Фото:Танјуг