Белата куќа од следната недела ќе воведе забрана за користење на личните мобилни телефони на вработените и посетителите во Западното крило, соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сендерс.
Таа појасни дека одлуката е донесена заради безбедност, а не поради загриженост во врска со протекување информации.
– Сите вработени ќе мора да ги извршуваат своите работни задачи на телефоните што им ги дава Владата на САД, изјави Сендерс.
На влезот на Западното крило на Белата куќа ќе биде поставена остава за личните мобилни телефони.