Ветровите што го зафатиле рускиот пацифички остров Сахалин денеска биле толку силни што една 65 годишна жена во градот Шахтјорск била оддувана од нејзиниот балкон, кога излегла да запали цигара.
Жената паднала од четвртиот кат во длабок снег и скршила рака, три ребра и претрпела потрес на мозокот.
Поради снегот, амбулантното возило не можело да пристигне до неа, па жената била пренесена до болница во багер. Снежното невреме што го зафати Сахалин предизвика ветрови со брзина од дури 150 километри на час.