недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на жртвите во поплавите на Филипините се искачи на 13

Бројот на жртвите во поплавите на Филипините се искачи на 13

Бројот на загинати во јужниот дел на Филипините од обилните дождови што наврнаа за време на божиќниот викенд се искачи на 13, соопштија денеска властите, а откако поплавите почнаа да се повлекуваат, продолжи потрагата по 23 лица.

Повеќето од смртните случаи биле предизвикани од давење во поројни поплави, а дводневниот силен дожд ја наруши божиќната прослава и принуди повеќе од 45.000 луѓе да се засолнат во центрите за евакуација, соопшти националната агенција за справување со катастрофи.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како членовите на крајбрежната стража, полицијата и пожарникарите поминуваат низ вода, која им е до колкот и ги носат жителите од областите погодени од лизгање на земјиштето.

Спасувачките операции продолжуваат и се проценуваат штетите на земјоделството, изјави за радио станицата DZBB Кармелито Херај, шеф на агенцијата за катастрофи во Кларин, провинцијата Мисамис Оксидентал.

Градоначалникот на Кларина, Еметерио Роа, предупреди на големи штети на добитокот, со оглед на тоа што во поплавите настрадаа голем број свињи, кокошки, кози и крави.