вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Црвен аларм во Пакистан по измерени 44 степени Целзиусови

Црвен аларм во Пакистан по измерени 44 степени Целзиусови

Пакистанските здравствени служби објавија црвен аларм во градот Карачи во јужниот дел на земјата, каде вчера температурата достигна 44 степени Целзиусови.

Властите во Карачи наредиле болниците, центрите за детско здравје и клиниките да бидат во состојба на зголемена готовност и да очекуваат можни пациенти.

Карачи во јуни 2015 година го зафати топлотен бран во кој загинаа околу 2.000 лица.

Поради високите температури на локалните жители им се препорачува да седат дома, да пијат што е можно повеќе течности и да не се изложуваат на директна сончева светлина. (МИА)