сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Делови од руски дрон паднаа на територијата на Романија

Делови од руски дрон паднаа на територијата на Романија

Романскиот министер за одбрана Ангел Тилвар изјави дека за време на нападот врз украинското пристаниште на Дунав, делови од руски дрон паднале на територијата на Романија.

Претходно, романското Министерство за одбрана ги демантираше украинските наводи дека делови од беспилотно летало паднале на романска територија.

Изминатите недели, Русија постојано ги бомбардираше пристаништата на Дунав, а многу од нападите беа извршени веднаш до границата со Романија. Романското Министерство за одбрана ги осуди тие нападите оценувајќи ги како неоправдани и кршење на меѓународното хуманитарно право.

Руските сили денеска со беспилотни летала ги нападнаа украинските пристанишни објекти во областа Измаил на Дунав, при што загина едно лице, изјави локалниот гувернер Олех Кипер.