недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дневниот број хоспитализирани за Ковид-19 во Белгија останува под 200

Дневниот број хоспитализирани за Ковид-19 во Белгија останува под 200

Регистрирани се 174 нови хоспитализации за коронавирус во последните 24 часа во Белгија. Иако е ова мало зголемување во однос на последните денови, бројката останува константно под 200 хоспитализации дневно, јави дописничката на МИА од Брисел.

Здравствените власти соопштија и дека рекорден број на пациенти биле пуштени од болница во последните 24 часа, 340.

Починати се 170 лица од вчера, од кои 69 во болница, а 55 во старечки домови.

Вкупниот број хоспитализирани во Белгија изнесува 4.050, од кои 797 на интензивна нега, што претставува 79 пациенти помалку од вчера.

Вкупно од почетокот на пандемијата во Белгија починале 7.501 лице од коронавирусот.