Студентката Ирина Јерпулева од запалениот стан на девети кат ја извлекувале момчето и пријателот, а за среќа сите поминале со полесни повреди.
Наводно, снимката е направена во саботата во Москва, а на неа се гледа како двајца момчиња спасуваат девојка од запален стан, ризикувајќи си го животот, бидејќи немале време да користат заштитни јажиња. 18-годишната Ирина Јерпулева била спуштена од прозорот на деетиот кат во станот под него, без безбедносни помагала. Нејзиното момче, 20-годишниот Тимур Закиров и прјателот Адел Акхметзианов неколку моменти претходно се симнале и сопственикот на стан им помогнал да влезат низ прозорецот.
-Ги преколнував се додека Тимур не почна да вика на мене, тоа ме прибра, раскажала Ирина, на која момчето ѝ го спасило животот.
-Се симнав доле, Тие ме упатија и ми рекоа што да правам. Ме фатија за нозе и ме повлекоа низ прозор на 8 кат, додала таа.
Стравот дошол подоцна откако сфатиле колку високо биле и дека секој погрешен потег може да заврши кобно. Студентката се здобила со исекотини, гребаници и труење со јаглероден моноксид, но не ѝ требало болничко лекување.