вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Двајца полицајци успеале да го совладаат напаѓачот во Крајстчрч пред да убие повеќе луѓе

Двајца полицајци успеале да го совладаат напаѓачот во Крајстчрч пред да убие повеќе луѓе

Терористичкиот напад во новозеландскиот град Красјтчрч бил запрен само благодарение на двајца полицајци од соседно село, половина час по смртоносните напади.

Тоа го соопштија денеска новозеландските власти и упатија благодарност за нивната храброст.

Премиерката Џасинда Ардарн нагласи дека Австралиецот Брентон Тарант веројатно сакал да убие повеќе луѓе ако двајцата полицјаци не се вмешале. Во нападите врз две џамии во тој град загинаа 49 луѓе.

На видеото се гледа полициски автомобил како пресекува пат на напаѓачот додека управувал автомобил.

– Секој кој ги видел тие инсерти му е јасно дека Нов Зеланд за нив е приоритет, додаде премиерката имајќи ги предвид двајцата полицајци.

– Јас сум исклучително горда на тоа што го направија тие, нагласи Ардарн.