Турски полицајци притворија две лица кои се обиделе да продадат две фалсификувани банкноти, со номинална вредност од по еден милион долари, јави Анадолија.
Осомничените беа уапсени во Ескишехир, северозападна Турција. Банкнотите се предадени на турската централна банка.
Такви банкноти никогаш не биле во оптек во САД. Банкнота со најголема вредност во моментот во промет е онаа од 100 долари.