сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две трагедии го потресоа светот – десетици загинати во пожари во Њујорк и во Мумбаи

Две трагедии го потресоа светот – десетици загинати во пожари во Њујорк и во Мумбаи

Трагедија каква не памети Њујорк во последните 20-ина години, го засени овој Божик.

Најмалку 12 луѓе загинаа во страотниот пожар што синоќа проголта зграда во населбата Бронкс. Меѓу загинатите четири се деца, на возраст од една до 7 години.

– Луѓето само врескаа и велеа – има пожар, помогнете ни, вели очевидец.

– Додека се симнав доле, пожарот веќе ја голташе зградата и се ширеше од еден стан во друг, од друг во трет, вели очевидец.

Спасувачките екипи наишле на потресни сцени Огнот избил во 19 часот по локално време, кога петкатната зграда со 25 стана била полна со станари. Пожарот избил од првиот кат и експресно се проширил во објектот изграден пред 100 години. Медиумите јавуваат дека две безживотни тела биле пронајдени во када наполнета со вода, најверојатно обидувајќи се да се спасат од огнот. 160 пожарникари имаа пеколна ноќ додека Њујорк ја живееше најстудената вечер со 10 степени под нулата.

– Среде празничниот одмор, кога семејствата се заедно, вечерва во Бронкс семејства беа разделени. Ова е најголемата огнена трагедија која ја доживеал Њујорк по многу, многу години, изјави Бил Де Бласио, градоначалник на Љујорк

– Ова е трагедија од историски размери. Безживотни тела пронајдовме на сите катови на возраст од една до 50 години. Се уште не ги знаеме причините за трагедијата, вели Даниел Нигро, шеф на протипожарната бригада во Њујорк

Трагедија од пожар пред Нова година ја потресе и Индија. Најмалку 15 луѓе загинаа, а 50 се повредени на роденденска забава во Мумбаи. Прославата се одржувала во ресторан лоциран на покрив од зграда. Најголем дел од жртвите, вклучително и славеничката, се девојки на возраст од 20-ина години.