среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Едно лице загина во експлозија на гас во станбена зграда во Кина

Едно лице загина во експлозија на гас во станбена зграда во Кина

Едно лице загина, а 12 се повредени во експлозија на гас во шесткатна станбена зграда во кинескиот пристанишен град Тијанџин, јавија денеска државните медиуми.

Потрагата по уште три исчезнати лица продолжува.

Повредите на останатите 12 спасени лица не се опасни по живот, се вели во соопштението.

Експлозијата се случила околу 7:15 часот во градската област Бејхен.

Причината за експлозијата се уште е под истрага.

Објектот е изграден во осумдесеттите години на минатиот век.