понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган и официјално кандидат за претседател на Турција

Ердоган и официјално кандидат за претседател на Турција

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) и нејзиниот коалициски партнер, Партијата на националистичкото движење (МХП), денеска официјално ја доставија кандидатурата на актуелниот шеф на државата Реџеп Тајип Ердоган, за учество на претстојните избори за претседател на Турција.

Кандидатурата до Високата изборна комисија, во името на двете партии, ја доставија турскиот премиер Бинали Јилдирим и лидерот на МХП, Девлет Бахчели.

По доставувањето на кандидатурата, Јилдирим изјави дека предизборната коалиција меѓу АКП и МХП претставува „најсилен сојуз“.

– Нашиот сојуз е со нашиот народ. Кога го избиравме нашиот кандидат, мислевме само на идната благосостојба и среќа на нашиот народ, изјави Јилдирим.

 	Мухарем-Инџе

Претходно денеска, најголемата опозициска партија во Турција,  Републиканската народна партија (ЦХП) го избра пратеникот во турското Собрание, Мухарем Инџе за нејзин претседателски кандидатат на претстојните избори.

Инџе по изборот за претседателски кандидат на Конгресот на ЦХП, изјави тој нема да ги претставува само членовите на неговата партија, туку и сите 80 милиони жители на Турција. Овој 54-годишен поранешен наставник по физика важи за жесток критичар на Ердоган и владејачката АКП.

Во меѓу време, се огласи и поранешниот турски претседател Абдула Ѓул, кој изминатиов период беше споменуван како можен заеднички претседателски кандидат на опозицијата, отфрлајќи ги како неточни тврдењата дека властите вршеле притисок врз него да не се кандидира за претседател на Турција.

Абдула Ѓул .jpg

Ѓул реагираше на тврдењето на лидерот на ЦХП, Кемал Киличдароглу дека началникот на Генералштабот на турската Армија, Хулуси Акар и главниот советник на Ердоган, Ибрахим Калин го посетиле порашениот претседател и при тоа му вршеле притисок да не учествува на изборите.

– Имаше таква посета. Таа се одржа пред очите на сите, среде бел ден. Не беше тајна и скришна. На неа немаше закани, притисоци или непочитување, како што се зборува. Сакам тоа да се знае. Таа се одржа во мојот кабинет, изјави Ѓул.

Парламентарните и претседателските избори во Турција кои првично беа планирани за ноември 2019 година, минатиот месец беа закажани за 24 јуни оваа година. Тие се особено важни бидејќи по нивното спроведување ќе стапат во сила уставните измени усвоени на ланскиот референдум, со кои Турција од парламентарна се трансформира во претседателска репубика. Согласно уставните измени, претседателот на државата добива поголеми извршни надлежности и станува директен раководител на владата, а функцијата премиер се укинува.