Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изрази жалење за човечките жртви при протестите во Иран и побара од властите во Техеран да им го овозможат на демонстрантите правото на протест.
– Европската унија одблизу ги следи демонстрациите во Иран, зголеменото насилство и неприфатливото губење човечки животи. За ЕУ, човечките права се суштинско прашање во нашите односи со Иран. Мирните протести и слободата на изразување се основни права кои важат за секоја држава, и Иран не е исклучок, пишува во соопштението на Могерини, која беше критикувана во медиумите поради бавната реакција на протестите, особено во споредба со реакциите од САД кои побараа седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со протестите.
Во соопштението од кабинетот на Могерини се вели дека ЕУ е во контакт со иранските власти и ги повикува сите страни да се воздржат од насилство и да го почитуваат правото на слободно изразување