среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еврокомисија: Преговорите за Брегзит ќе продолжат со добра волја

Еврокомисија: Преговорите за Брегзит ќе продолжат со добра волја

Европската комисија денеска соопшти дека „со дпбра волја“ ќе ги продолжи преговоирте со Велика Британија за нејзиното напуштање на ЕУ и покрај сознанијата за нерегуларност во текот на кампањата за референдумот за Брегзит.

– Немаме коментар. Ние не бевме вклучени во кампањата. Состојбата е довопно сложена за да даваме и наши оценки, изјави портпарол на Еврокомисијата.

Тој нагласи дека за неделава се превидени нови разховори меѓу ЕУ и Лондон за договорот за Брегзит.

– Продолжуваме да учествуваме во преговорите со добра волја и со желба да најдеме решение. Извршивме оценка на т.н. Бела книга (за плановите за Брегзитот) што ја промовираше британската Влада, изјави портпаролот.

Британската група „Гласајте за напуштање“, која на реферемндумот во јуни 2016 година официјално агитираше во корист на Брегзитот, е казнета со 61.000 фунти (80.843 долари) за прекршување на изборниот закон.

Британската Изборна комисија соопшти дека групата го надминала лимитот за расходи за околу 565.000 евра и дека документите за случајот таа веќе ги предала на полицијата.

МИА