среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Пронајдени над 40 черепи, коски и фетус во засолниште на мексикански криумчари

ФОТО: Пронајдени над 40 черепи, коски и фетус во засолниште на мексикански криумчари

Мексиканската полиција пронајде повеќе од 40 черепи, десетици коски и еден фетус во стаклен сад покрај олтар во засолниште на осомничени криумчари со дрога во Мексико Сити.

Четири черепи биле вградени во олтарот во засолништето на криумчарите, каде полицијата во вторникот уапси 31 лице под сомнение за активности за нарко-картели, се посочува во синоѓешното соопштение од градските власти. Меѓутоа, судија нареди 27 лица да се пуштат на слобода.

На фотографијата која ја објави Канцеларијата на државниот обвинител се гледаат черепи, групирани околу олтарот со крст, украсен со дрвена маска за лице во облик на рог.

Десно од олтарот се наоѓа обоен ѕид полн симболи, кои вклучуваат пирамида прекриена со рака, небески тела и козја глава со хексеграм меѓу роговите. Пред ѕидот има повеќе предмети, вклучувајќи десетици дрвени стапови со обоени ознаки.

Портпаролката на државниот обвинител истакна дека се уште се истражува потеклото на черепите, кои се најмалку 42. Истражителите на местото на настанот откриле ножеви, 40 коски од вилици, фетус и 30 коски од раце или нозе. Портпаролката рече дека засега не е познато дали фетусот е човечки.