четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалник од Мексико го врзале за камион и го влечеле по улица- не ги исполнил предизборните ветувања (ВИДЕО)

Градоначалник од Мексико го врзале за камион и го влечеле по улица- не ги исполнил предизборните ветувања (ВИДЕО)

Единаесет лица беа уапсени откако градоначалникот на општина во мексиканската држава Чиапас го извлекле од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле по улица бидејќи наводно не успеал да го исполни предизборното ветување и да ги поправи локалните патишта.

Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот бил нападнат од земјоделци, јави Би-би-си.

Градоначалникот Хорхе Луис Ескандон Ернандес бил брзо ослободен од полицијата  и не претрпел сериозни повреди, но најави дека ќе поднесе обвиненија за киднапирање и обид за убиство.

На објавените видеа од инцидентот се гледа како група мажи го изнесуваат градоначалникот од зградата и подоцна го влечат по патот.