четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гутереш предупреди дека насилството во Газа се доближува до раб на војна

Гутереш предупреди дека насилството во Газа се доближува до раб на војна

Зголеменото насилство во Газа претставува предупредување за сите „дека ситуацијата е многу блиску до работ на војна“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој ги повика Израел и Хамас во Газа да го продолжат прекинот на огнот со кој во 2014 година беше ставен крај на војната меѓу нив.

Во писмен извештај поднесен до Советот за безбедност, Гутереш истакнува дека е шокиран од употребата на куршуми од страна на израелската армија во протестите во Газа. Од почетокот на протестите на 30 март, убиени се 132 Палестинци, а повеќе од 13.000 се повредени, покажуваат податоци на Меѓународниот црвен крст. Гутеррш остро ги осуди активностите на сите страни кои доведоа до опасна ситуација во израелско-палестинскиот конфликт.

Палестинците во Газа протестираат против израелската блокада врз енклавата која трае повеќе од 10 години и бараат да се вратат во своите родни места од каде избегаа или беа протерани при создавањето на Израел во 1948 година.

МИА