Полицаец херој од Казахстан скокнал од прозорецот на 13. кат од зграда за да фати педофил осомничен за силување на 15-годишно девојче, пренесува Мирор.
Бакитзан Бакиров (36) и неговиот партнер Меџир Несипбеј биле повикани во стан во Алмсти, каде што провалил еден маж и злоупотребил тинејџерка.
Кога пристигнале, осомничениот избегал и скокнал низ прозорецот, а веднаш потоа и Бакиров рипнал по него.
По акцијата, тој рече дека дури подоцна сфатил дека осомничениот можеби се обидел да изврши самоубиство за да не биде уапсен.
За среќа на полицискиот службеник, два ката подолу каде што паднал осомничениот има балкон. Бакиров ја скршил ногата, но успеал да го фати осомничениот. На полицаецот му е доделен медал за храброст.