вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Хотел во Австрија во карантин поради коронавирус

Хотел во Австрија во карантин поради коронавирус

Уште еден хотел во Европа од денеска е во карантин поради појавата на новиот коронавирус.

Станува збор за „Гранд Хотел Европа“ во австрискиот град Инсбрук, каде што рецепционерот, државјанин на Италија, се заразил од коронавирус.

Инаку, во Инсбрук се регистрирани првите две лица во Австрија кои се позитивни на вирусот наречен Ковид-19.

На почетокот од неделава, хотел на Канарските острови беше ставен во карантин бидејќи е потврдено дека гости на хотелот, брачна двојка, се позитивни на вирусот.