сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Индија тестира три вакцини против коронавирусот и е подготвена да ги дистрибуира

Индија тестира три вакцини против коронавирусот и е подготвена да ги дистрибуира

Индија тестира три вакцини против коронавирусот и веќе има план да ги дистрибуира до граѓаните, нагласи премиерот Нарендра Моди во говор во чест на националниот празник Ден на независноста.

– Три вакцини се во различни фази на тестирање. Кога научниците ќе ни дадат дозвола, ние веќе ќе имаме план за производство. Имаме патоказ за тоа како вакцината ќе стигне до секој Индиец во најкус можен рок, рече тој.

Моди додаде дека во рамките на националната програма за дигитална здравствена заштита, секој граѓанин на земјата ќе добие здравствена легитимација, со која ќе бидат обележани посетите на лекарите или аптеките, како и на лековите што им се пропишани.

Премиерот Моди, исто така, им се заблагодари на оние кои се борат со пандемијата во име на земјата. Бројот на заразени во Индија надминува 2,5 милиони.

Претходно, индиските компании Zydus Cadila и Bharat Biotech објавија дека ја започнале првата фаза од развивање на нивните вакцини против COVID-19. Индискиот институт за вакцини соопшти дека ја започнува последната фаза на испитувања на вакцината „Covishield“, што ја развиваат заедно универзитетот Оксфорд и Астра Зенека.

На 15 август, Индија го слави Денот на независноста. На полноќ на тој датум во 1947 година, првиот премиер Џавахарлал Нехру го крена националното знаме во Њу Делхи за да го означи повлекувањето на британските окупаторски сили.