понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Итно се бараат авиони по рускиот напад на породилиште во Мариупол

Итно се бараат авиони по рускиот напад на породилиште во Мариупол

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика меѓународните партнери да и обезбедат авиони на Украина откако руски воздушен напад погоди породилиште во Мариупол.

„Ужасно воено злосторство во Мариупол. Цел на руски воздушен напад беа болница и породилиште. Можевме да го запреме ова варварство со заштита на нашето небо. Во име на хуманоста, обезбедете ни авиони, сега! Животите се губат додека ова се разгледува одново и одново, напиша Кулеба на Твитер.

Како што беше соопштено претходно денеска во руски воздушен напад врз Мариупол уништено е породилиште, болница, како и детски и терапевтски одделенија. На местото на несреќата остана кратер со дијаметар од повеќе од 10 метри.

Зеленски го оквалификува рускиот воздушен напад како „ѕверство“. (МИА)