Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја ќе се повлече од УНЕСКО кон крајот на следната недела.
Во октомври Нетанјаху најави дека Израел ќе излезе од организацијата, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од УНЕСКО поради „антиизраелска пристрасност“ внатре во организацијата.
– Му наложив на Министерството за надворешни работи да се повлечеме од УНЕСКО кон крајот на неделата, изјави Нетанјаху на почетокот на денешната редовна владина седница и додаде дека според него тоа е неопходно „со оглед на пристрасниот и едностран однос на организацијата кон Израел, но како и позадина на цврстата позиција на САД во ОН, која израелските власти ја поздравуваат“.