Израелските сили денеска убија Палестинка на окупираниот Западен Брег, откако таа избоде војник.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека Иман Одех (26) била убиена од војници кои и испукале куршум во градите, во Хувара, јужно од Наблус.
Израелската армија соопшти дека Палестинката била „неутрализирана“ откако избодела војник и полесно го ранила.
Во Хувара во февруари дивееја десетици еврејски доселеници, а тогаш околу 350 Палестинци беа повредени, додека десетици куќи и возила беа запалени како одмазда за убиството на двајцата еврејски доселеници.
На денешното убиство на Палестинката му претходеше напад на израелската војска во Наблус во кој беа убиени тројца Палестинци, обвинети за убиство на Израелка и нејзините две ќерки во напад на Западниот Брег во април.