четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јапонија одржува воени маневри во ек на регионалните тензии

Јапонија одржува воени маневри во ек на регионалните тензии

Јапонските копнени трупи ги одржуваат своите први воени маневри по повеќе од 30 години во момент кога регионалните тензии се во пораст

Тие спроведуваат огромна воена вежба низ целата земја за да ги подготват своите војници за потенцијален конфликт, а од средината на септември околу 100.000 луѓе, 20.000 возила и 120 авиони учествуваат во различни вежби за оперативна готовност, јави Си-Ен-Ен.

Во последниве години, индопацифичкиот регион стана жариште на тензии, при што претставниците на јапонските копнени сили предупредуваа на „најлошата безбедносна средина од крајот на Втората светска војна“.

-Оваа вежба на копнените сили е фокусирана на подобрување на оперативната ефикасност, одвраќање и реакција, нагласи полковникот на јапонската армија Норико Јокота.