вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јелена ги задавила своите мали деца, па ги запалила: Нивните тела ги оставила во складиште, а потоа ја откри полицијата (ФОТО)

Јелена ги задавила своите мали деца, па ги запалила: Нивните тела ги оставила во складиште, а потоа ја откри полицијата (ФОТО)

Јелена Каримова, 27 годишна самохрана мајка од Новогород во Русија е обвинета дека ги убила и запалила своите две деца, а потоа нивните тела ги оставила во напуштено складиште.

Според изјавата која ја дала на полицијата, Јелена својата ќерка, 4 годишната Хадија и 2 годишниот син Сулејман ги ставила на седиште од изнајмена кола и ги однела во Нижни Новогород. Потоа ја стопирала колата и ги задавила децата.

После тоа Каримова отишла до бензинска и купила масло. Децата ги однела во шума во близина на патот и ги запалила.

На Каримова и паднало на памет дека остатокот од телото може да ги пронајдат ловци, ги јагленисала телата, ги сместила во колата и вратила дома.

Следниот ден, телата на децата повторно ги однела во напуштено складиште, кое некогаш возачите на камиони го користат како импровизиран тоалет. Повторно ги запалила малите тела и заминала дома.

Евгениј Катјушев, жител на блиското село, отишол да им помогне на пожарникарите и заедно со нив нашол траги од злосторството.

-Пожарникарот прво мислеше дека коските припаѓаат на куче, но кога пришол поблиску сфатил дека станува збор за две деца. Кога прокоментирал дека положбата на телата е необична, се прошири мислењето дека децата се донесени во куфер, вели Катјушев.

Телата биле премногу оштетени, само една нога останала цела и било невозможно да се утврди полот на децата, кажал Катјушев за локалните медиуми.

Полицијата веднаш покренала истрага и неколку часа подоцна Каримовва била уапсена. Во саботата и одреден притвор од два месеци, а потоа ќе помине и психијатриски испитувања.

Неконтролирано трошела на себе

Веста ги шокираше нејзините пријатели и роднини, кои не веруваат дека млада жена е способно да направи такво нешто. На социјалните мрежи редовно објавувала емотивни постови со своите деца, а на видеото каде позира со својата ќерка пред само десетина дена напишала: „Ти си моја душа, моја најдрага мала личност, она поради што сум на нозе, поради што живеам“.

Во меѓувреме е откриено дека Каримова често имала финансиски проблеми, поради своето неконтролирано трошење. Жената која се занимавала со препродажба на козметика и шминки, само за изнајмување на автомобил месечно трошела 650 долари, а неодамна си платила и патување во странство.

Во банките имала големи долгови, а го тужела својот поранешен маж и татко на децата за алиментација. Тој во меѓувреме повторно се оженил. Во изјавата која ја дала во полиција, Елена кажала дека морала да ги убие, затоа што не можела да ги издржува.