Кина ја откажала видео пораката на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во која тој ја критикуваше руската специјална операција во Украина.
Во цензурираната порака Мишел повикува на намалување на трговската зависност од Кина.
Британските медиуми дознаваат дека видео пораката требаше да биде прикажана минатата недела на отворањето на меѓународната трговска изложба ЦИИЕ (CIIE) во Шангај.
Портпаролот на Мишел потврди дека европската страна на барање на кинеските власти го доставила снименото обраќање на шефот на Европскиот совет, кое на крајот не било прикажано.