среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина ги заврши воените вежби во близина на Тајван: „Беше успешно, ќе ја следиме ситуацијата“

Кина ги заврши воените вежби во близина на Тајван: „Беше успешно, ќе ја следиме ситуацијата“
ФОТО: Shutterstock

Кинеската армија денеска соопшти дека по речиси една недела успешно завршила различни воени задачи околу Тајван, но дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Тајванскиот теснец.

Кинеската војска ќе спроведува редовни патроли и ќе продолжи со воена обука за постигнување борбена готовност, објави официјалниот профил на Веибо на Источната команда на Кинеската Народноослободителна армија, пренесува Ројтерс.

Кина започна масовни воени вежби по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на која жестоко се спротивстави Пекинг. (МИА)