Кина им даде рок од 10 дена на своите интернет ѕвезди да ги платат даноците откако наметна голема казна за познат инфлуенсер.
Во понеделникот, инфлуенсерката Виа, позната во Кина по нејзините ТВ видеа, беше прогласена за виновна за даночна измама и осудена да плати рекордни 1,3 милијарди јуани (181 милион евра).
„Должност на секој граѓанин е да си ги плати даноците“, соопштија вчера од даночната управа. Тие додадоа дека на ѕвездите им дава рок до крајот на годината да пресметаат даноци и се заканија во спротивно со големи санкции.