петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина: Не исклучуваме употреба на воена сила врз Тајван

Кина: Не исклучуваме употреба на воена сила врз Тајван
ФОТО: Shutterstock

Властите во Пекинг не ја исклучуваат можноста за употреба на воена сила за повторно обединување на Тајван со Кина, соопшти денеска Канцеларијата за прашања на Тајван.

„Не ветуваме дека ќе се воздржиме од употреба на воена сила. Кина го задржува правото да ги искористи сите неопходни средства (за конечно обединување со Тајван)“, нагласи на прес-конференцијата претставникот на Канцеларијата.

Во исто време, официјалниот претставник истакна дека Пекинг е посветен на мирно обединување со Тајван и ќе остане лојален на принципот „една земја, два система“.

„Кина има непроменлив и јасен став за Тајван“, додаде тој.

Тајван е управуван од локална администрација од 1949 година, кога преостанатите сили на генералот Чанг Кај-шек (1887-1975) беа поразени во Кинеската граѓанска војна и најдоа засолниште на островот.

Тајван го задржа знамето и неколку други симболи на Република Кина од времето пред да дојдат на власт комунистите.

Според официјалниот став на Кина, кој го поддржуваат повеќето земји, вклучително и Русија, островот Тајван е една од кинеските провинции.