четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина привремено ги затвора границите за странци поради зголемениот број заразени во светот

Кина привремено ги затвора границите за странци поради зголемениот број заразени во светот

Кина привремено забрани влез на странци од најмалку осум земји поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во светот.

Државјани на Русија, Франција, Италија, Велика Британија, Белгија, Филипини, Индија и Бангладеш не можат повеќе да влезат во Кина, дури и ако имаат важечка виза или дозвола за престој.
Во последниве денови, амбасадите во тие земји објавија онлајн известувања, со кои се најавува привремено прекинување на влезот во Кина.

Кина донесе строги мерки за заштита од нови инфекции од странство.

Здравствените власти пријавија 30 увезени случаи во последните 24 часа, од кои 15 во Шангај. Ова го зголеми вкупниот број на увезени случаи за време на пандемијата на 3.510. (МИА)