петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина со контрамерки против четири американски медиуми

Кина со контрамерки против четири американски медиуми

Кина денеска побара деловни информации од четири американски медиумски компании, вклучително и Асошиејтед Прес (АП), како одговор на слични барања од Вашингтон за кинеските медиуми.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан, соопшти дека АП, УПИ, ЦБС и НПР имаат седум дена да пополнат изјави за вработените, финансиското работење, сопственоста на имотот и други прашања.

– Треба да се истакне дека споменатата мерка на Кина е целосно неопходна противмерка и целосно легитимна одбрана против неразумната репресија на американската страна против кинеските новински агенции во САД, рече Жао на прес-конференција.

Во јуни, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп додаде четири кинески медиуми на списокот организации што се сметаат за „странски мисии“, поради нивните врски со владата и Комунистичката партија. Поради таа одлука, кинеските медиуми беа принудени да го намалат бројот на вработени во САД.

Жао рече дека неодамнешната американска политика штети на угледот на кинеските медиуми, влијае на нивната работа и сериозно се меша во нормалната човечка комуникација меѓу САД и Кина.

– Кина ги повикува САД веднаш да го променат својот курс, да ги исправат грешките и да престанат со политичката репресија и неразумните ограничувања за кинеските медиуми, рече Жао.