– Сите тела се извадени, а повредените се пренесени во болница во градот Накуру, изјави началникот на полицијата во областа Рифт, Зеро Ароме.
Полицискиот началник додаде дека меѓу жртвите се двајцата возачи, и тригодишно дете.
Несреќата се случила на магистралата од Накуру до Елдорет.
Според официјални податоци, секоја година во сообраќајни несреќи во Кенија страдаат околу 3.000 лица.