петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лавров: Русија би можела да ги прекине контактите со ЕУ

Лавров: Русија би можела да ги прекине контактите со ЕУ

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека официјална Москва би можела да го прекине контактот со Европската унија како одговор на санкциите поради, како што е наведено, труењето на Алексеј Навални.

-Најверојатно едноставно ќе мораме привремено да престанеме да разговараме со оние луѓе на Западот кои се одговорни за надворешната политика и кои не ја разбираат потребата за дијалог со взаемно почитување, истакна Лавров на прес-конференција во Москва.

Рускиот министер укажал на неодамна дадената изјава на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за прекинот на партнерството со Русија и истакнал дека тоа сценарио ќе се исполни, доколку тоа е она што ЕУ го сака.

-Русија сака да сфати дали е можно да работи со ЕУ во сегашни услови, додал Лавров.

Изјавата на Лавров доаѓа еден ден откако министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да воведат санкции за руските официјални лиц и организациите обвинети за труењето на Навални.