недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ледена бура во Нов Зеланд: Жители без струја, патишта непроодни…

Ледена бура во Нов Зеланд: Жители без струја, патишта непроодни…

Ледена бура го погоди Нов Зеланд и остави околу 100.000 жители без електрична енергија, а голем дел од патиштата се непроодни.

Најмногу е погоден новозеландскиот град Окленд, каде властите им советуваа на жителите да останат во своите домови. Ударите на ветрот изнесуваа околу 146 километри на час, уривајќи дрвја, покриви и столбови, што потоа предизвика и прекин во електричното снабдување. Метеоролошката служба измерила налети на ветрот со брзина и до 213 километри на час.

Во централниот дел на земјата регистрирани се и снежни врнежи и неколку помали торнада.

Властите соопштија дека ќе бидат потребни неколку дена за да се воспостави нормално снабдување со струја.

Националната авиокомпанија им советуваше на патниците да ги одложат патувањата, бидејќи аеродромот во Окленд е привремено затворен поради временските непогоди.

Се очекува бурата да трае уште неколку дена, а кулминација да доживее утре.