сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МААЕ потврди присуство на мини во близина на нуклеарната централа Запорожје

МААЕ потврди присуство на мини во близина на нуклеарната централа Запорожје

Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврдија присуство на мини во близина на нуклеарната централа Запорожје, што е окупирана од руските сили.

За време на инспекцијата пред два дена тимот на МААЕ регистрирал мини лоцирани во тампон зоната помеѓу внатрешните и надворешните бариери на локацијата. Мините се лоцирани во ограничена област, недостапна за персоналот, се наведува во соопштението на МААЕ.

Агенцијата на ОН истакнува и дека присуството на такви експлозиви на локацијата не е во согласност со безбедносните стандарди на МААЕ и упатствата за нуклеарна безбедност и создава дополнителен психолошки притисок врз персоналот на централата и покрај првичната процена на МААЕ, дека евентуално детонирање не треба да влијае на системите за нуклеарна безбедност и безбедност на локацијата.