сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мексико: Годинава над 11.000 убиства поврзани со дрога

Мексико: Годинава над 11.000 убиства поврзани со дрога

Во првите шест месеци од 2018 година, во Мексико беа пријавени над 11.000 убиства поврзани со дрога, што невладина организација „Семафоро деликтиво“ го оцени како „ужасен историски рекорд“.

Од јануари до крајот на јуни 2018 година, според податоците од Министерството за внатрешни работи, биле извршени вкупно 15.973 убиства со предумисла, во споредба со 13.503 во првата половина од 2017 година.

Според организацијата „Семафоро деликтиво“, која спроведува истражувања за јавната безбедност, 11.241 од овие кривични дела биле извршени од платени убијци, ангажирани од шверцери на дрога.ци.

Вчера, новинарот Рубен Пат, директор на неделникот „Плаја њуз“, беше убиен пред еден бар, на околу 60 километри од познатиот мексикански туристички град Канкун. Годинава, тој е седмиот убиен новинар во Мексико, една од најопасните земји во светот за медиумите.

МИА