четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Морничаво откритие за атомската програма: Во Америка се случил нуклеарен холокауст

Морничаво откритие за атомската програма: Во Америка се случил нуклеарен холокауст

Експлозиите на нуклеарните бомби во Невада за време на тестирањата, на околу 100 километри од Лас Вегас, довеле до смрт на 695 илјади луѓе, тврди научникот Кит Мејерс.

За време на Студената војна, американската влада спровела тестирање на нуклеарно оружје во пустината во сојузната држава Невада на отворено, а сето тоа подоцна резултирало со смрт на 695 илјади луѓе, покажало истражувањето на тимот на американски научници од Универзитетот во Невада.

Тоа укажува дека последиците од атомските проби на отворено биле поопасни отколку што се мислело, а последиците од тоа се чувствуваат и денес.


„За време на Студената војна биле активирани стотина нуклеарни бомби североисточно од Лас Вегас. До 1963-та година многу од тие тестови биле спроведувани над земја, а тоа резултирало со испуштање на голема количина на радиоактивен материјал во опкружувањето. Според проценките, во атмосферата во Невада било исфрлено радиоактивно загадување од 12 милијарди кириум од 1951-ва до 1963-та година. Само за споредба, катастрофата во Чернобил исфрлила радиоактивно загадување во атмосферата од 81 милион кириуми. Овие тестови изложиле милиони Американци на опасен радиоактивен материјал и многу луѓе се уште живеат со последиците од тоа загадување“, пишува Кит Мејерс, професор на Универзитетот во Аризона.

Како што тврди тој, нуклеарните тестирања кои што своевремено биле дури и туристичка атракција во регионот и биле надбљудувани од Лас Вегас, резултирале со сличен број на мртви како и атомските бомби кои што биле фрлени над јапонските градови Хирошима и Нагасаки кон крајот на Втората светска војна.

Тогаш во Невада луѓето многу малку знаеле за последиците од зрачењето на здравјето, па затоа тестовите привлекувале се повеќе и повеќе луѓе. Поради рамниот терен, атомската печурка од секоја детонација била видлива и на оддалеченост од 150 километри.


„Со користењето на податоците од Националниот институт за канцер, а врз основа на емпириските докази, се заклучува дека од 1951-ва до 1973-та година како последица од радијација починале од 340 до 460 илјади луѓе. Меѓутоа, поради храната која што била озрачена и се проширила многу подалеку од Невада, настрадале околу 695 илјади луѓе. Оваа бројка можеби е и премала затоа што не ги зема во предвид сите последици од радијацијата“, тврди Мејерс.

Како што открива тимот на научници, радијацијата најмногу се проширила преку млекото, а последиците не ја погодиле само американската сојузна држава Невада, туку и поголема територија од Соединетите Американски Држави.