Најмалку три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во Москва.
Според првичните информации, автобус во обид да избегне судир со автомобил, влетал на автобуска постојка.
Министерството за вонредни ситуации соопштило дека во денешната несреќа нема починати лица, додека од полицијата истакнуваат дека три лица се повредени, а две биле оживеани од страна на лекарските екипи.
— Репвбблика (@Repvbblica) December 29, 2017