недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 2.500 жители на Мариупол загинаа во нападите, тврди Украина

Над 2.500 жители на Мариупол загинаа во нападите, тврди Украина

Повеќе од 2.500 жители на црноморскиот пристанишен град Мариупол се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, изјави денеска претседателскиот советник Олексиј Арестович во телевизиско интервју.

Тој рече дека се повикува на бројки од градската управа на Мариупол и ги обвини руските сили дека вчера спречиле хуманитарната помош да стигне до опколениот град.

Русија тврди дека не гаѓа цивили.