Бројот на заразени со коронавирус во Индија надмина шест милиони, соопшти Министерството за здравство.
Индија е втора земја во светот по бројот на заразени.
За 24 часа во оваа земја забележани се нови 82.170 случаи.
Вчера во Индија беа регистирани 1.039 смртни случаи, а вкупниот број на починати од почеток на пандемијата е 95.542 лица.