сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најавени нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол

Најавени нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол

Нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол најави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, јави Си-Ен-Ен.

Како што појасни таа, коридорите ќе ги спојат двата града со Запорожје, што е на север и сè уште е под контрола на Украина.

–Планирана е и централизирана евакуација со автобус од Бердјанск, град окупиран од Русија. На влезот на градот паркирани се 48 автобуси, додаде Верешчук.