петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку осум лица загинаа при турски напад врз северен Ирак

Најмалку осум лица загинаа при турски напад врз северен Ирак

Најмалку осум туристи, меѓу кои и дете загинаа, а повеќе од 20 се повредени во турските артилериски напади во северен Ирак, соопштија денеска ирачката армија, здравствените власти и локалната курдска Влада.

Најмалку четири гранати го погодија одморалиштето Барак во автономниот курдски регион.

Сите жртви се ирачки државјани.

Ирачката Влада го осуди нападот истакнувајќи дека тоа е „директно кршење на суверенитетот на Ирак“.