Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им го честиташе Божиќ на верниците кои што го слават големиот христијански празник по Грегоријанскиот календар во обраќањето од Ерусалим.
Нетанјаху пораката со наслов „Среќен Божиќ од Ерусалим, престолнината на Израел“ ја упати синоќа преку видео снимка објавена на Твитер. На снимката во позадина се гледа источниот дел од Ерусалим, област полна со еврејски, христијански но и муслимански свети места.
Станува збор за дел од градот кој што Палестинците сметаат дека е свој и имаат намера да биде главен град на нивната идна држава.
Merry Christmas from Jerusalem, the capital of Israel! pic.twitter.com/ChhsuqudW8
— Benjamin Netanyahu (@netanyahu) December 24, 2017
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пораката го опиша Израел како рај за двопроцентното христијанско малцинство кое што живее во еврејската држава.
„Ние ги штитиме правата на сите луѓе да се молат во светите места зад мене“, истакна Нетанјаху во едноминутното видео, наведувајќи неколку христијански свети места во Израел кои што се посетувани од верниците ширум светот. Посетувањето на тие места, според Нетанјаху, би ги довело Христијаните „до стапките на Исус и потеклото на нашето христијанско-еврејско наследство“.
„На тие кои што ќе дојдат во Израел, ќе им бидам водич“, порача Нетанјаху додавајќи дека тоа ќе се случи на Божиќ идната година.