среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нов Зеланд ги заостри мерките поради нови случаи на коронавирус

Нов Зеланд ги заостри мерките поради нови случаи на коронавирус

Нов Зеланд ја продолжи забраната за влез на крузери во земјата и ги заостри карантинските мерки за посетителите откако се регистрирани нови случаи на заразени со коронавирус.
Нов Зеланд беше меѓу првите во светот што ги укина сите ограничувања, откако немаше активни случаи.

– Ќе ја продолжиме моменталната забрана за пристигнување крузери, која требаше да заврши на 30 јуни, рече премиерката Џасинда Ардерн на прес-конференција.

Таа додаде дека на товарните бродови и натаму ќе им биде дозволено товарање и истоварање.

Нов Зеланд денеска забележа два нови случаи на Ковид-19 и сега има вкупно девет активни случаи. Сите се ставени во карантин по влегувањето во земјата, а засега нема сознанија за локално ширење на заразата.

Ардерн истакна дека се заострени мерките на границите и дека оние кои се во карантин треба да направат повеќе тестови и мора да бидат негативни пред да излезат од карантинот.

– За да може лицето да се смета за ниско ризично, пред да излезе од изолација или карантин по 14 дена, треба да се тестира и да има негативен резултат, рече Ардерн.
Во Нов Зеланд имаше вкупно 1.163 заразени, а починаа 22 лица од Ковид-19.