вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нов Зеланд следната недела може да се врати во нормален живот

Нов Зеланд следната недела може да се врати во нормален живот

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн најави дека најрано следната недела би можеле да се укинат рестриктивните мерки во оваа земја.

На Нов Зеланд веќе два месеци се на сила строги мерки и четврто ниво на предупредување, а премиерката во понеделник би можела да го спушти предупредувањето на прво ниво во рамки на кое нема мерки на задолжително држење дистанца и ограничување на бројот на лица во кафулињата, клубовите, црквите и на спортските случувања.

Веќе 12 дена по ред во Нов Зеланд не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирус, а во моментов само едно лице е позитивно на вирусот. Од почеток на епидемијата регистрирани се 1.504 позитивни случаи на Ковид-19 и 22 починати лица.