Младите си ги “проверуваат” рефлексите, но како и во слични предизвици, и тука лесно излегува се од контрола.
Кој верувал дека играта “Син Кит” е најопасното нешто што некогаш се појавило меѓу тинејџерите, сега ќе се замисли.
Младите Американци се воодушевени од “No Lackin Challenge” предизвикот, кој подразбира плашење на познаници со наполнет пиштол.
Колку е играта опасна кажува и фактот што 21-годишниот Шерман Лакланд од Мемфис сакал да го исплаши својот пријател вперувајќи пиштол во него, а бидејќи и самиот се исплашил, несакајќи пукнал и го застрелал пријателот во глава.
Додека 17-годишното момче во болница се бори за живот, американските медиуми се прашуваат колку животи ќе бидат загрозени додека оваа игра не се забрани.
-Овие момчиња седеа на маса во ресторан. Нормално си разговараа, а потоа скокнаа еден на друг и си вперија пиштоли во лице. Едниот пукна. Оној што пукна го молеше другиот да стане. Мислеше дека се преправа. Можеби беше премногу исплашен и не знаеше како да реагира пред нас. Каква глупост. Можеше да настрада било кој во ресторанот, рекол Рон Енес, еден од сведоците.
Изразот “No Lackin” подразбира снаоѓање во било каква ситуација во која ќе се најдете, а предизвикот подразбира, доколку пиштолот го држите вперен во жртвата, цело време да снимате со камера.
Некои тинејџери ги прошириле правилата на играта, па така освен закана со пиштол, едни на други си фрлаат велосипеди, пегли, па дури и парчиња мебел, се со цел да ги проверат рефлексите на жртвите.