Германските пратеници денеска го одобрија предлогот на Владата на канцеларката Ангела Меркел за воведување ограничувања во областите каде коронавирусот се шири пребрзо, а меѓу мерките се заклучување и полициски час.
Според медиумите, 342 пратеници биле „за“, 250 „против“, додека 64 пратеници биле воздржани.
Мерките вклучуваат полициски час од 22 до 5 часот наутро, затворање на училишта, како и „катанец“ на региони каде широко распространето е ширењето на коронавирусот.
Во исто време, додека долниот дом на парламентот разговараше за новите мерки, илјадници демонстранти се собраа на околните улици, пренесува Асошиејтед Прес, и јавува Танјуг.
Според „Спутник“, солзавец бил фрлен кон демонстрантите.
Germany (Berlin- march towards the Brandenburg Gate, a few steps from the seat of the German parliament, to protest against the health dictatorship. Well done! pic.twitter.com/r5JhxZRVrZ
— conspiracyguy (@conspiracyguy78) April 21, 2021